HR АКАДЕМИЈА

Бидете дел од новата генерација на стручната Академија за управување и развој на човекови ресурси

Содржините се прилагодени на учесниците. Тие се практични, со индивидуални и тимски задачи, како и дискусии за конкретни практики и споредби на различни искуства од бизнис опкружувањето.
HR практики со интензивен, практичен и интерактивен пристап, единствен во Македонија. Ви ја отвораме вратата за успешна професионална кариера. АПЛИКАЦИЈА ЗА СТИПЕНДИЈА ЗА HR AКАДЕМИЈА ГЕНЕРАЦИЈА 2017-2018


Методологија на работа

Програмата за HR Академијата е дизајнирана да може преку настава со присуство се обезбеди максимално практично знаење и подготовка на HR професионалците. Предавачите на секој модул се експерти во својата деловна областа со долгогодишен професионален ангажман во областа во која работат, со работно и консултантско искуство во интернационални компании и предавачи на високо образовни институции. Учесниците имаат задолжително присуство на 75% од 9те Модули и се води дневник на присуство заради обезбедување на квалитетот. Дополнителните задачи кои треба да ги работат се документираат во Досието на секој учесник.
HR ACADEMY го применува менторскиот пристап. Секој учесник има можност за консултации со својот ментор за времетраење на процесот на учење. На располагање стои и административен координатор за учесниците за сите останати прашања кои не се поврзани со содржината. Во текот на наставата со учество ќе бидат присутни и гости предавачи кои ќе го пренесуваат своето практично искуство поврзано со темата во тој Модул. Секој учесник кој успешно ќе заврши добива Сертификат од Clear View BTC HR ACADEMY и лична препорака.

Услови за запишување

HR Академијата е отворена за сите заинтересирани кои:
» Имаат завршено средно образование (4 годишно) или факултет
» Имаат познавање од англиски јазик
» Умеат да работат на компјутерски програми за обработка на текст, табели и користат интернет
» Сакаат да се стекнат со практично знаење и Сертификат

Во моментов активен е повикот за стипендија за оваа академија, следува

 

HR Академијата е структурирана во 9 Модули

АПЛИЦИРАЊЕ ЗА СТИПЕНДИЈА

Информации во врска со апликацијата за стипендии за HR Aкадемија генерација 2017/18

 

1. Колку стипендии се доделуваат?

- Доделуваме две целосни и четири делумни стипендии со кофинансирање на програмата за HR Академија.


2. Колкава е вредноста на стипендијата?

- Вредноста на целосните стипендии е 1.600 € колку што чини посетата на целата HR Академија на ClearView Бизнис Тренинг Центар. А вредноста на делумните стипендии е 400€.


3. За која учебна година важи стипендијата?

- Стипендијата важи за учебната 2017/18 година.


4. Како да аплицирате за стипендија?

- Пополнете ја апликацијата за стипендија и пратете ни ја на info@clearview.com.mk најдоцна до 20 септември. А, одговор од нас ќе добиете до 27 септември.


5. Каде да ја најдам апликацијата за стипендија?

- Побарајте ја на info@clearview.com.mk или пишете во инбокс Фејсбук страната на Clear View BTC


6. Кој е крајниот рок за аплицирање за стипендија?

- Крајниот рок за доставување на апликациите е 20.09.2017 година


7. Каде можеме да добиеме повеќе информации за апликацијата за стипендија?
- За повеќе информации, контактирајте не info@clearview.com.mk, 070 29 44 19 и 071 22 84 95.Ја очекуваме Вашата апликација и се радуваме на можноста да бидете дел од стручната 
Академија за управување и развој на човекови ресурси.

МОДУЛ 1: СТРАТЕШКИ HR МЕНАЏМЕНТ

Првиот Модул е вовед во областа на управување и развој на човекови ресурси и ја опфаќа целосно оваа функција во организацијата. Стратешкиот пристап е главен акцент како дел од комплетниот бизнис развој на една организација. Во овој Модул се обработуваат актуелните трендови и барања на современиот менаџмент.

Теми во овој Модул:
` Вовед во HRM
` Стратешко управување
` Организација на функцијата во една организација
` Улога на менаџерот на управување и развој на човекови ресурси и негови компетенции
` Организациска структура и поставеност (разбирање и апликација)

По завршување на овој Модул учесниците ќе знаат:
` Да анализираат предности и недостатоци на одреден облик на организациската структура во функција на бизнис процесите, бизнис климата и опкружувањето;
` Да ја анализираат улогата и позиционирањето на функциите во организацијата;
` Да утврдат рамки за мерење на успешноста на HR функцијата во извршување на бизнис стратегијата;
` Да ја дефинираат улогата на HR менаџерот и менаџментот во спроведување на процесот на управување со човековите ресурси;
` Да изготват и да ажурираат описи на работни места за вработените.

МОДУЛ 2: РЕГРУТАЦИЈА И СЕЛЕКЦИЈА

Вториот Модул е насочен кон процесите на регрутација и селекција во организацијата, како и на процесот по завршување на селекција и воведување на нововработениот во работата. Суштинските прашања се:
` Како оптимално и брзо да се дојде во компанијата до таленти? Како на најсоодветен и најбрз начин да се привлечат таленти во компанијата?
` Како процесот да биде транспарентен и ефективен?
` Како најдобро да се интегрира нововработениот во средината и да ја прифати организациската култура?

Теми во овој Модул:
` Анализа на работна позиција
` Регрутација на кадар
` Процес на селекција
` Ориентација на нововработените

По завршување на овој Модул учесниците ќе знаат:
` Да планираат процес на регрутација и селекција;
` Да напишат профили за кандидатите и огласи;
` Како да привлечат најдобри таленти;
` Да изберат техники за процена на кандидати;
` Како да изберат соодветни тестови за различни позиции и профили;
` Ефективно да спроведуваат различни типови на структурирани интервјуа;
` Да ги дефинираат етичките и законските ограничувања во процесот на селекција.

МОДУЛ 3: ПРАВНИ АСПЕКТИ

Правните аспекти за професионалците кои работат во делот на управување со човекови ресурси а кои се неопходни за успешно делување. Овој Модул Ве подготвува за најважните страни од законската регулатива, Ви помага да ги идентификувате актуелните документи кои се задолжителни и Ви дава увид во правните регулативи кои важат во Република Македонија. Се работи на толкување на сите актуелни (позитивни) законски прописи и подзаконски акти поврзани со HR секторот.

Теми во овој Модул:
` Законот за работни односи (измени и дополнувања)
1.1. Што мора да содржи Договорот за работа (определено, неопределено време),
1.2. Како да се заштитете при склучување и раскинување на договорите за работа,
1.3. Отказ од работа, суспензија од работа, материјална одговорност, дисциплински мерки.
1.4. Што е правната тежина помеѓу спогодба за раскин, оставка и отказ?
1.5. Систематизација, организациска шема и боледување
1.6. Како се изготвуваат решенија: за прераспоредување, за висина на плата, за задолжување со средства
1.7. Кога има право работник на:боледување, породилно, годишен одмор, принуден одмор, платено и неплатено отсуство
1.8. Актуелно: Технолошки вишок и отпремнини / Принуден одмор и надокнада од 70%
1.9. Што во случај на штрајк?
1.10. Имате или немате синдикат / однос HR – синдикат
1.11. Што во случај да добиете тужба од работник?

` Потврди: за повреда при работа, редовен работен однос
` Законот за инспекција на труд – вашите должности, но и права при инспекција
` Изготвување на Опис на работни места (според ИСО стандарди)
` Концептот на Бруто плата, придонеси (целосно и скратено време)
` Закон за безбедност и здравје при работа: должности за обука, сертификати, правилници и еколошки елаборати
` Закон за спасување
` Закон за мирно решавање на работните спорови
` Закон за архивирање, кадровска евиденција – како да ги средите досиеата на вашите работници
` Општ колективен договор од стопанството Што мора да знаете и применувате од Општиот Колективен Договор?
` Гранкови колективни договори

По завршување на овој Модул нема да бидете правници во организацијата, но ќе:
` Имате познавања од Законот за работни односи и останатите релевантни закони;
` Може да ги подготвите и водите Досиејата на вработените;
` Ги знаете надлежностите на институциите во државата;

МОДУЛ 4: МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИ И ЗАДОВОЛСТВО ОД РАБОТА

Теории за мотивација на вработените и нивна примена во праксата. Учесниците ќе научат како да поставуваат системи за мотивација на вработените со алатките за мерење на задоволство од работа.

Теми во овој Модул се:
` Мотивација
` Мерење на задоволство од работа
` Системи за мотивирање поврзани со развој на кариера и мотивација
` Организациска култура

По завршување на овој Модул ќе:
` Имате познавања за различните пристапи во мотивација на вработените;
` Знаете самостојно да поставите Анкета за испитување на задоволството од работа, да ја евалуирате и резултатите да го претворите во акции;
` Може да работите на одржување и промовирање на организациската култура, нејзина комуникација во самата компанијата и надвор од неа креирајќи притоа соодветна подлога за креирање на лојалност и привлекување на таленти.

МОДУЛ 5: РАЗВОЈ НА ВРАБОТЕНИ

Модулот за развој на вработени се фокусира на иновативни идеи и практики за развој и усовршување на вработените, како и за начин на поставување на „организација која учи”. Дел е посветен на обука на вработените, coaching и менторство.

Теми во овој Модул се:
` Анализа на потребите од развој на вработени
` Обука на вработени, coaching и менторство
` Talent Management
` Knowledge Management
` Поставување на интерни програми за обука, како и интерни обучувачи
` Succession planning

По завршување на овој Модул ќе може да:
` Поставите процедури за развој на кариера на вработените;
` Дефинирате процедури за јасно разликување на стручното и менаџерското напредување;
` Процените трошок и да ја знаете вредноста на различните методи за развој;
` Дефинирате индивидуален план за развој на вработените според потребите;
` Ги дефинирате клучните елементи во процена на таленти и составот на управување со нивниот развој;
` Аргументирате потенцијални пречки и да воведете начин на планирање на наследници;
` Да ја задржите целата база на знаење (know-how) на вработените и по нивното заминување од компанијата
` Воведете и користите coaching и менторство во компанијата;
` Направите избор на обучувачи, провајдери за обука, како и консултанти преку различни пристапи (еднократни повици, рамковни договори и слично);

МОДУЛ 6: ПЛАТИ, НАГРАДУВАЊЕ И ФИНАНСИСКИ АСПЕКТИ

Финансиските аспекти се во преден план на овој Модул. Учесниците ќе се запознаат со различните типови на плати и наградување на вработените. Дел е посветен на законските барања, структурите на плати, но се работи и на нефинансиско наградување.

Теми во овој Модул:
` Плата, придонеси и административни аспекти
` Системи за наградување на вработени
` Буџети за вработени
` Финансиски планови за обука
` Пресметување на ROI од обука
` Финансиски извештаи

По завршување на овој Модул ќе:
` Имате увид во финансискиот дел на HR функцијата;
` Може да читате финансиски извештаи;
` Да изготвувате финансиски планови за плати, наградување на вработените;
` Да аргументирате состав и динамика на дополнителни награди;
` Бидете способни да работите на планирање на обуки и да пресметувате поврат на инвестиција од обука.

МОДУЛ 7: PERFORMANCE MANAGEMENT

Овој Модул е наменет за областа на следење на работната успешност на вработените, која е една од најслабите алки во голем број на организации. Од овој Модул ќе добиете знаење за вистинско поставување на систем за следење на успешноста, дефинирање на модел на компетенции и практични процедури за имплементација во праксата. Целта е брзо и ефикасно поставување за да се добие поголема ефективност и да се спречи флуктуација на вработени.

Теми на обуката:
` Компетенции, очекувања и работни стандарди
` Распоред на работни задачи
` Процена на работата
` Предности и недостатоци од различни модели
` 3600 Feedback
` Разговор за оцена на перформансот
` Поставување на цели
` Дефинирање на повратните информации и резултатите

По завршување на овој Модул учесниците ќе:
` Умеат да дизајнираат и да спроведат процес на дефинирање на клучните бенефиции и специфични компетенции;
` Знаат да ја анализираат корисноста на дефинираните клучни компетенции во однос со моделот на работна улога и другите модели;
` Можат да постават 3600 Feedback;
` Бидат во состојба да организираат процес на редовна повратна информација за работната успешност.

МОДУЛ 8: HR АУДИТ И HRIS

HR аудитот претставува сеопфатна анализа на процесот на управување со човекови ресурси со цел да се добие детален и структуриран увид во начинот на управување со човекови ресурси. Сето ова со јасни показатели на критичките точки. Овој Модул Ви дава систематизирано знаење како да го анализирате квалитетот на управување со човекови ресурси, потоа работа на студии на случај од праксата. Дел е посветен на информатички системи за управување и развој на човекови ресурси.

Теми во овој Модул:
` HR аудит
` Потреба, видови и избор на HRIS

По завршување на овој Модул учесниците ќе:
` Знаат критички да ги разгледуваат HR процедурите и политиките во работното опкружување;
` Може да ја проценат применливоста;
` Знаат да направат процена на воведување на одредени промени, ако се потребни;
` Бидат во состојба да аргументираат примена на различни HR модели во конкретното работно опкружување;
` Знаат да направат процена на потреба од HRIS, да ги дефинираат барањата и да постават критериуми за избор на понудувач.

МОДУЛ 9: АНГЛИСКИ ЗА HR ПРОФЕСИОНАЛЦИ

Познавањето на англискиот јазик е од огромно значење за развој на успешна кариера во сферата на HR. Сепак, покрај основите на јазикот, тука е и потребата од познавање на специфични зборови, фрази, начини на изразување и комуникација кои се во широка употреба меѓу HR професионалците во целиот свет.
Овој модул има за цел да Ве води низ целата програма – на англиски јазик.
Темите во овој модул се главно дизајнирани како резиме на часовите во текот на една седмица, ‘преведени‘ на англиски јазик.

Теми во овој Модул:
` Биографија - CV
` Опис на работно место
` Огласување, селекција и регрутација
` Подготовка и водење на интервју за работа
` Развојни пракси во HR
` Справување со проблеми
` Договор за работа
` Плати и наградување
` Обуки

По завршување на овој Модул кој ќе биде постоја во текот на целата HR Академијата©, учесниците ќе:
` Поседуваат зголемен обем на вокабулар, специфичен за HR
` Можат да комуницираат на англиски јазик на професионално ниво
` Можат да спроведуваат писмена коресподенција на теми од HR
` Можат активно да учествуваат на семинари, конференции, работилници и друг вид на собири каде што англискиот јазик е официјален јазик на комуникација
` Имаат зголемено ниво на самодоверба за употреба на англискиот јазик вон училницата

Форма за пријавување за обуки

v