Финансии за нефинансиски специјалисти
Времетраење:
5 часа
Финансиските параметри за работењето на компанијата се значаен фактор за донесување на понатамошните одлуки на секој генерален менаџер на една компанија како и на секој секторски менаџер во компанијата. За да можете да донесете „паметна“ одлука потребно е да знаете во каква финансиска состојба е Вашата компанија. Зависно од дејноста на компанијата многу често во компаниите оние кои ги разбираат финансиските параметри се само луѓето од секторот финансии, но тие не се секогаш оние кои ги донесуваат одлуките.
Оваа обука е конструирана за менаџери (не економисти) кои сакат да ги развијат своите финансиски вештини неопходни за да управуваат со компанијата и за да ја зголемат ефикасноста на нивното работење, а воедно и на работењето на компанијата со која раководат, без оглед на тоа дали се во улога на сопственици или не.
Оваа обука е наменета за:
- Претприемачи и сопственици на бизнис
- Одговорни за производство или услужен сектор (секторски менаџери)
- Продукт менаџери, бренд менаџери, проект менаџери, IT менаџери
- Консултанти и правници
- Лични асистенти, office менаџери
- Сите кои можат да бидат инволвирани во одлучување во и за бизнисот врз основа на финансиските показатели
Кои теми ќе ги опфати обуката?
- Неопходни основни разграничувања од каде доаѓаат финансиските податоци
- Клучни финансиски термини (готови пари, извори на средства, приходи и трошоци, инвестиции, Биланс на состојба и Биланс на успех) и нивниот сооднос
- Зошто се трудиме да составуваме бројни документи за нашите операции?
- Суштината, улогата и принципите на евидентирање на деловните настани (Контен план, сметководствени принципи, настан и книжење, изглед и намена на биланс на состојба и биланс на успех)
- Дали компанија што има 100.000 ЕУР на жиро сметка е подобра од онаа што има само 10.000 ЕУР?
- Кои финансиски параметри говорат за успешноста на компанијата?
- РЕАЛНАТА СЛИКА за успешноста на претпријатието врз основа на финансиските показатели. (Коефициент на ликвидност, на профитабилност, на задолженост, на користење на средствата, на профитабилност, коефициенти поврзани со пазарното вреднување на компанијата)
- Камати, депозити и кредити
- Кои пари се поевтини, нашите или туѓите?
Зошто Ви е потребна обуката?
Оваа обука ќе Ви овозможи да се здобиете со поголема самодоверба преку практичното знаење за финансиите во бизнисот, ќе Ви овозможи поголема контрола над финансиите во компанијата и поголема самодоверба во донесувањето на правилни одлуки за понатамошен личен и компаниски развој.
Регистрирај се
назад