Top LeaF
Програма за развој на лидерските способности и управување со промените. Clear View BTC, е единствен застапник на Adizes TopLeaF методологијата, во Македонија.
Зголемената динамика на секојдневното работење ги поттикнува менаџерите да бараат поинаков тип на деловна едукација. Со цел да се одговори на ваквите промени, Clear View BTC, склучи стратешко партнерство со Adizes институот од Калифорнија со што се приклучи на импресивната мрежа од 30 канцеларии ширум светот.
Adizes и TopLeaF Програмата
Adizes институтот успеа да изгради модел на брза и интензивна едукација за раководните кадри во компаниите базирана на концептите на конструктивен конфликт и управувањето со промени. Методологијата е прифатенаод многу специјалисти како висококвалитетен модел за развој на организациите, а е развиена врз база на практични примери и долгогодишно искуство во управувањето со промени и различни организации, ситуации, индустии и култури.
TopLeaF програмата овозможува практична примена на Adizes методологијата. TopLeafF програмата е кратка по времетраење, проследена со дебати раководени од сертифициран Adizes модератор, каде се решаваат конкретни проблеми од реалниот бизнис.
Придовки за учесниците
Повеќе идеи за подобар бизнис
програмата нуди модел на креативно размислување, ги поттикнува учесниците да изнаоѓаат нови решенија, ги предизвикува нивните претпоставки и нуди платформа за имплементација на заклучоците со сигурност и прецизност.
Намалување на тошоците
Дали може да пресметате колку време и пари ве чини погрешна или одлука која не е реализирана? Усовршувањето на процесот на донесување на одлуки и нивната успешна имплементација Ви ги намалува трошоците и Ве носи чекор поблиску до целта.
Networking - повеќе и подобри бизнис контакти
колку нови бизнис контакти добивате секоја недела? Новите контакти додаваат вредност во секојдневното работење.TopLeaF Ви овозможува најмалку 10 нови контакти на менаџери од Македонија со кои ќе разменувате мислења, искуства.
Повеќе време повеќе пари
TopLeaF го нуди најдоброто од Adizes методологијата, во форма на кератки предавања со време за дидкусии и размена на искуства. Со повеќе искуства, унапредување на организацијата и насоките кои ќе ги добиете, ќе имате време за подобар бизнис.
TopLeaF програмата е специјализирана за генералните директори, високите менаџери, одбори и сопственици на компании во разрешување на прашањата како што се:
- водење и креирање на високо ефективни тимови
- достигнување и одржување на Вашата организација
- градење на Вашиот менаџерски тим
- Воспоставување на ефективна раководна одговорност
- Комуницирање со луѓе кои имаат различен стил на управување од Вашиот
- Донесување одлуки кои ќе бидат брзо и лесно имплементирани
- правилно преминување од претприемништво кон професионално управување
- правилно структуирање на Вашата компанија
На обуката добивате:
1. Материјали на македонски јазик
2. 30 часа лиценцирана обука за менаџери
3. Оригинален сертификат (certify for attendance) од Adizes Institute
4. Обаботка на 33 различни тематски содржини
5. Гости предавачи на неколку сесии
6. Можност за организирање на сесиите во Вашите компании и претставување на Вашата компанија пред учесниците на обуката
7. Одредување на манеџерскиот стил според PAEI менаџерски улоги
назад