Кога размислувавме како можеме да придонесеме за подобра бизнис атмосфера во Македонија дојдовме на идеја да креираме компанија како што е Clear View BTC. Компанија која ќе може да понуди различни видови на неформално практично образование за целата бизнис фела во Македонија.
Во 2005 година ја креиравме Clear View BTC спремни за предизвикот кој си го поставивме пред нас. Уште од самиот почеток размислувавме што би било најдобро за нашите клиенти?
Клиентите и нивното задоволство беа мотивот за успех.
Ги започнавме преговорите со Адижес Институтот од Санта Барбара, (Adizes Institute, Santa Barbara, California, USA) еден од петте светски реномирани институти за Менаџмент кои во тоа време подготвуваа нова програма наменета за менаџерите во компаниите ширум светот. Програма која одговараше на предизвиците поставени пред секој менаџер каде и да е низ целиот свет. Adizes TOP Leadership Forum Program беше програма која во времето на нашите преговори сеуште се „крчкаше“. Додека сеуште беше „топла“ програмата договоривме соработка и започнавме со дистрибуција. Тогаш бевме ПРВ Бизнис Тренинг Центар во светот кој започна со промоција на Adizes TOP LeaF Program, а денес истата програма се промовира во повеќе од 160 земји низ светот.
Во 2005 станавме ПРВ и единствен лиценциран Бизнис Тренинг Центар во Македонија за Adizes TOP LeaF Program. Креиравме модератор за програмата кој својата лиценца ја одработи во Adizes Institute! Го реализиравме едно од планираните партнерства за започнување на сигурна и квалитетна Бизнис Едукација!
Денес и после 5 (пет) години сеуште сме Единствен Бизнис Тренинг Центар во Македонија кој нуди лиценцирана програма за менаџери.
Второто партнерство кое ни ги зацврсти почетничките столбови е партнерството со најреномираниот Образовен Центар во Македонија, а тоа е Семос Компјутерски Образовен Центар. Од Семос КОЦ научивме како да креираме успешни тренери за секоја област потребна на Бизнис средината.
Започнавме од основата, креиравме тренери за обука за Основи на комуникациски вештини, тренер за обука за Основи на продажба итн, за денес да имаме соработници, тренери кои се професионални во својата работа.
Основното правило за секој тренер беше дека таквиот профил на човек МОРА да е стручен во областа за која ќе зборува, МОРА да има практично искуство со докажани резултати во областа за која ќе зборува, МОРА да има одлични вештини за пренесување на знаењето и МОРА во обуката да има доволно време за секој учесник да го извежба наученото.
Креиравме тренери речиси за секоја актуелна област потребна на Бизнис средината за подобро работење и остварување на поголеми успеси на сечие задоволство, на задоволство на учесниците на обуките, на задоволство на работодавачите кои ги испраќаат своите вработени на обука и на задоволство на клиентите и крајните корисници на услугите и производите на оние кои ја посетувале обуката.
Денес работиме со полна пареа во речиси секоја област која е засегната во работењето на една организација. Работиме на решавање на продажните проблеми на компаниите, работиме на решавање на сервисините проблеми на компаниите, работиме на подобрување на меѓучовечките односи на вработените во организациите, комуникациски вештини за комуникација со клиенти, интерна комуникација, зголемување на задоволството на клиентите на секоја организација, преговарачки вешти за подобрување на резултатите на работењето на компаниите, подобрување на менаџерските вештини на менаџерските тимови во компаниите, обезбедување на средства од ЕУ Фондови за подобра и навремена реализација на проект итн.
Денес работиме со одлично стекнато искуство и како и на почетокот така и денес водечки мотив за нашиот успех ни се Нашите клиенти и нивното задоволство, нивниот успех!
назад