01

За нас

Clear View е Бизнис Тренинг Центар(BTC), активен на територијата на Македонија од 2005 година. Оперира како прв лиценциран бизнис тренинг центар во Македонија. Развивајќи се динамично, денеска може да се издвојат следните позначајни партнерства: со најреномираниот центар за едукација на информатичка технологија - Семос Компјутерски Образовен Центар; партнерството со Адижес Институтот, од Санта Барбара – Калифорниjа, САД, партнерсвото со Adizes South East Europe (ASEE), и партнерството во полето на Интернет маркетинг со EC Council.

Edit
02

Нашата визија

Clear View BTC е регионален лидер во областа на тренинзите за стекнување на знаења и вештини од областа на Бизнисот и менаџментот. Clear View BTC претставува совршена комбинација на високо квалификувани тренери, интересни и корисни тренинг програми и уште подобро, корисни контакти. Clear View BTC е тренинг центар што им овозможува на своите клиенти да изберат тренинг програма за која имаат потреба, гарантира стекнување на одлични и корисни знаења како и зголемени резултати во работењето.

03

Нашите партнери

  • Adizes Institute
  • Соработка со Adizes Institute од Santa Barbara, California, USA за лиценцираната програма Adizes TopLeaF® (Adizes TOP Leadership Forum Program). Ова го прави Clear View BTC единствен лиценциран бизнис тренинг центар во Македонија. Програмата е организирана во 102 модули и вклучува три основни менаџмент вештини (три долгорочни обуки) кои секој успешен менаџер треба да ги има.

  • Adizes South East Europe (АSEE)
  • Соработка со Adizes South East Europe, од Нови Сад. Преку соработката со искусните тренери и бизнис консултанти го подобруваме квалитетот на програмите со понуда на еднодневни и дводневни семинари. Во соработка со Adizes South East Europe нудиме програми кои се екслузивни на пазарот.

  • EC Council
  • Во соработка со EC Council, нудиме Интернет Маркетинг академија. Целта на академијата е слушателот да се запознае со посебниот начин на размислување на клиентите кои се појавуваат на интернет. Правилниот пристап кон клиентите преку Интернет Алатки денес игра клучна улога во успехот на компанијата клучни знаења за Интернет Маркетинг. Академијата подговува за тестирање и стекнување на титулата Certified Internet Marketing Practitioner (CIMP).

Учи. Управувај. Успеј.

info@clearview.com.mk +389 70 29 44 19 бул. Кузман Јосифовски Питу бр.19 лок 6
Clear View BTC 2017 Made by SEMOS