Оди на сајтот од конференцијата

ЗОШТО ЈА ОРГАНИЗИРАМЕ КОНФЕРЕНЦИЈАТА?

Во светски силните економии, семејните компании се столб на економијата. Семејните бизниси во светот се повеќе напредуваат и од мали семејни фирми се развиваат во милионски бизниси. Дел од примерите се Wall Mart, Ford, Samsung, Carrefour Group, Wrigley Company... Од друга страна пак, статистиката вели дека 70% oд семејните бизниси пропаѓаат или се продаваат по првата генерација.
Семејните бизниси се стожер на македонското стопанство. Секоја компанија во приватна сопственост се соочува со 70% веројатност да пропадне по првата генерација сопственици, доколку не се професионализира на време. Како да ги избегнеме замките кои се закана приватните бизнисите? Токму тоа е клучното прашањето на оваа конференција!

КОНФЕРЕНЦИЈАТА Е ЗА ВАС ДОКОЛКУ ГИ ИМАТЕ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

- Какви знаења и вештини треба да посдуваат наследниците пред да го преземат управувањето на компанијата?
- Што треба како основачи да им пренесете на наследниците? Кои се правите чекори?
- Како да знаете кога е прав момент да го препуштите управувањето на следната генерација?
- Што ако чувствувате дека треба да смените нешто во културата на компанијата на која најголемо влијание имал сопственикот? Како да изградите култура на компанија која ќе влијае позитивно на сите вработени? Како да ги инкорпорирате позитивните семејни вредности во компанијата?
- Како да дојдете до свеж капитал за вашата следна инвестиција? Кои се опциите?

ТРЕБА ДА ДОЈДЕТЕ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА ДОКОЛКУ СТЕ:

- Основачи и сопственици на приватни компании
- Професионални менаџери кои работат во семејни компании
- Наследници на компании
- Членови на семејни бизниси
- Сите кои сакаат да научат како да ја надминат замката поради која пропаѓаат до 70% од бизисните – транзиција на бизнисот на следна генерација

ДАЛИ ТЕМИТЕ НА ТРАНЗИЦИЈА НА СЕМЕЈНА КОМПАНИЈА СЕ ЗА ВАС?

Одговорот на прашањето дали Вашиот бизнис е случај на семејна компанија, дури и ако Вашето семејство не е директно вклучено е ДА. Секоја компанија во приватна сопственост се соочува со овие замки. Независно дали членови на семејството се во основачите на компанијата, доаѓа време кога бизнисот кој сте го развивале со години треба да го подготвите за следно ниво на транзиција. Како да бидете сигурни дека го оставате во вистински раце? Како да го подготвите Вашиот наследник? Дали сте сигурни кои знаења и вештини треба да ги поседува? Дали знаете како основач какво е Вашето влијание на културата на компанијата? Какви вредности промовирате? Како наследник, што да направите кога сакате да смените нешто во културата на компанијата? Кога е Вашата улога? Кога е времето да започнете да размислувате на овие теми? Имате потреба од дополнително вложување во луѓе/опрема/процеси? Како да дојдете до дополнителни средства? Токму овие прашања ќе ги одгатнеме, и ќе споделиме искуства од регионот релевантни за Вас.

ОРГАНИЗАТОР НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА

Clear View BTC, лиценциран бизнис тренинг центар кој веќе 10 години им помага на компаниите да ги подобрат бизнис резултатите. На македонскиот пазар ексклузивно носи докажани светски методлогии за бизнис и лидерство и е официјален партнер на Adizes за Македонија. Следејки ја Adizes методологијата, многу компании кои започнале како семејни прераснаа во милионски бизниси.