ФИНАНСИИ ЗА ДОНЕСУВАЧИ НА ОДЛУКИ
За кого е наменета?
Пресметување и оценување на финансиското здравје на бизнисот е составен дел на секоја менаџерска позиција. Ако сте раководител на организациона единица, независно од индустријата или професијата, а немате финансиска улога и сакате да го развиете вашето познавање на финансиско- сметководствената пракса, ќе имате практична корист од оваа програма
Содржина:
- Сметководствените основи, како што се: дебит, кредит и двојно сметководство
- Сметководствен циклус и процес
- Улогата на финансиските извештаи: извештај за финансиска состојба, извештај за добивка и извештај за паричен тек
- Користење на сметководствените информации за анализа на работењето
Што ќе научите?
- Основата на средствата, обврските, приходите, расходите и нето добивката
- Извештајот за финансиска состојба и неговото користење
- Како да се дефинираат приходите и расходите
- Да ги користите броевите од ажурираните финансиски извештаи за да одговорите на прашањето за финансиската состојба на вашата организација
|